Формула 1 тимот на Ред Бул одлучи да ја прекине соработката со резервниот возач, Јури Випс.
Естонецот деновиве беше суспендиран поради расистички изјави за време на електронска игра со друг пилот на Академијата на Ред Бул, Лиам Лосон.
Луѓето од Ред Бул тогаш ветија дека ќе има „целосна истрага“ за инцидентот а резултатите се видливо многу брзо – од денеска Випс повеќе не е пилот на Ред Бул.

