Шефот на Ред Бул во Формула 1, Кристијан Хорнер, вели дека растечката инфлација ќе донесе проблеми кај одредени тимови кои нема да можат да се справат со лимитираниот буџет од 140 милиони долари.
„Мислам дека тоа ќе биде катастрофа за Формула 1. Знам дека ФИА преговара со Либерти Медиа бидејќи никој не очекуваше инфлација“ – вели Хорнер.
Екипите на Ферари и Мекларен признаа дека поради зголемените трошоци веројатно ќе го прескокнат плафонот.
