Возачот на Ферари, Карлос Саинц, успеа да победи на хаотичната трка во Формула 1 возена за Големата награда на Велика Британија.
Трката на „Силверстон“ започна со инцидент откако по тројниот судар на Расел, Окон и Жу, третиот мораше да биде пренесен во болница. Во меѓувреме лекарите објавија дека состојбата на Жу е добра.
Второто место на подиумот го пополни Серхио Перез а третото Луис Хамилтон. Леклер заврши четврти пред Фернандо Алонсо, Норис, Верстапен, Шумахер, Фетел и Магнусен.

