Мик Шумахер ги освои првите бодови Формула 1 откако го обезбеди осмото место на вчерашната трка за Големата награда на Велика Британија.
На патеката – „Силверстон“, по хаотичниот старт и тешкиот инцидент, Шумахер во еден период се бореше и за седмото место со актулениот шампион, Макс Верстапен, но, не успеа да го помине.
„На тестирањата користевме само два модела на гуми, така што не бевме сигурни дали C1 ќе функционира. Малку ризикувавме бидејќи не ги пробавме претходно. Треба да бидеме задоволни“ – вели Шумахер.