Јапонскиот главен град Токио ќе биде домаќин на Светското првенство во атлетика во 2025 година, соопшти Меѓународната федерација.
Одлуката е донесена на состанокот во Јуџин (САД). Покрај Токио, за домаќин на светското првенство конкурираа и Најроби (Кенија), Сингапур и Шлезија (Полска).
Хрватските градови Медулин и Пула и Талахаси (Флорида, САД) исто така беа избрани за градови домаќини на Светското првенство во крос кантри во 2024 и 2026 година. Светското првенство во атлетика започнува денеска во Јуџин.

