Перуанката Кимберли Гарсија Леон и Јапонецот Тошиказу Јаманиши ги освоија првите златни медали на СП во атлетика во Орегон, САД. Тие беа најдобри во трките во брзото одење на 20 километри. Покрај нив, во првиот ден на првенството златна стана и штафетата 4х400 метри мешано на Доминиканската Република која успеа да ја победи конкуренцијата и да го грабне златото во оваа дисциплина.
Американката Алисон Феликс (36), пак, го освои рекордниот деветнаесетти медал на СП со бронза во штафетата, а воедно и во последната трка во кариерата. Таа беше на победничкиот подиум на осум СП и го собори рекордот што претходно го делеше со Кениецот Езекиел Кембои.

