Техничкиот директор на Мерцедес во Формула 1, Мајк Елиот, вели дека Луис Хамилтон на трката во Австрија не можел да го покаже вистинското темпо бидејќи бил притеснет во ДРС-зоната со уште неколку возачи и немало начин како да ги престигне.
„Ја завршивме трката со релативно голема разлика од лидерите, но, тоа делумно се должи на фактот што Ферари и Ред Бул можеа да влезат во бокс со виртуелното безбедносно возило и на тој начин добија нови гуми“ – вели Елиот.
„Мислам дека во Австрија бевме 2-3 десетинки зад Ферари а тие го имаа најбрзиот болид“ – заврши Елиот.

