Атлетичарката од Соединетите Американски Држави, Сидни Меклафлин, успеа да го собори сопствениот светски рекорд на патеката 400 метри со пречки и супериорно да го освои златниот медал на Мундијалот во Oрегон.
Второто место и среброто го обезбеди Холанѓанката, Фемке Бол додека бранителката на титулата, Далила Мухамед, заврши на третата позиција.
Меклафлин со резултатот од 50,68 секунди стана првата жена што патеката ја поминала за помалку од 51 секунда.

