Арманд Дуплантис ја продолжи доминацијата во дисциплината скок со стап и го освои златниот медал на Светското првенство во Орегон.
Шведскиот атлетичар кој дојде до првото злато во кариерата на СП, прескокна 6,21 метри и за еден сантиметар го подобри сопствениот светски рекорд.
Скандинавецот со денешниот успех по петти пат го соборува сопствениот светски рекорд гледано од 2020 година. Тој за оствареното во Орегон доби и премија од 100.000 долари.

