Претседателот на Полската одбојкарска федерација, Себастијан Швидерски, зборуваше за можноста Вилфредо Леон да учествува на светското првенство закажано од 26 август до 11 септември во Полска и Словенија.
Еден од најдобрите одбојкари во светот и репрезентацијата на Полска, пред два месеца имаше операција на коленото.
Натурализираниот Кубанец призна дека шансите за учество на настанот му се мали а Швидерски нагласи дека многу ќе зависи од неговата рехабилитација.