Шведскиот напаѓач, Јаспер Брет, одлучи да остане во екипата на Њу Џерси Девилс и во наредната сезона во НХЛ лигата.
24-годишниот хокејар ќе добие плата од 5,45 милиони долари. Левото крило во претходното првенство постигна повеќе лични рекорди гледајќи преку голови, асистенции, просечна минутажа на мразот и вкупно обезбедени поени.
Тој беше водечки стрелец на тимот заедно со Џек Хјуз. Брeт беше избран во шестата рунда на драфтот во 2016 година.