Шефот на Алпин, Отмар Шафнауер, тврди дека младиот возач, Оскар Пјастри, има активен договор кој го обврзува и за наредната сезона во Формула 1.
Доколку Австралиецот одбие да остане во екипата, тогаш Алпин ќе бара финансиска компензација.
„Имаме договор кој го потпиша во ноември. Разговаравме со нашите адвокати и ни рекоа дека можеме да го имаме Оскар и во 2023 година или да го позајмиме на друга екипа а потоа да го вратиме“ – вели Шафнауер.