Најдобриот одбојкар на светов, Вилфредо Леон, кој во јуни имаше операција на коленото, сака да настапи на Светското првенство што ќе започне на 26 август.
29-годишниот натурализиран Кубанец се врати на тренинзите на Полска со надеж дека ќе успее да се рехабилитира и дека ќе добие место на списокот на селекторот, Грбиќ. Леон дури се појави и во репрезентативниот камп.
Светскиот шампион Полска ќе игра во групата Ц со Бугарија, САД и Мексико.