Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов лично ги пречека кадетите по успехот во Рига
    Ракомет

    Првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов лично ги пречека кадетите по успехот во Рига

    risteBy riste16/08/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Кадетската ракометна репрезентација на Македонија се врати во Скопје откако успеа да го освои ЕХФ шампионатот во Рига, Летонија, по добиениот натпревар во финалето против Швајцарија. Избраниците на селекторот Раде Стојановиќ одиграа убедливо на сите натпревари на турнирот, без пораз дојдоа до златото, а со тоа си обезбедија пласман на кадетското Европско и Светско првенство. 

    Овој пласман беше причина плус за задоволство во Ракометната федерација на Македонија (РФМ), поради огромниот влог за идните кадетски собири. Откако Стојановиќ и неговите ракометари ја исполнија целта, по враќањето во Македонија имаа свечен прием во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. 

    Првиот човек на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов ги дочека ракометарите и стручниот штаб, лично им честиташе и им посака среќа. Кадетите на Стојановиќ се атрактивна репрезентација која ветува, па во иднина може да се очекуваме дел од овие играчи да бидат потенцијал за сениорскиот национален тим. 

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.