Кадетската ракометна репрезентација на Македонија се врати во Скопје откако успеа да го освои ЕХФ шампионатот во Рига, Летонија, по добиениот натпревар во финалето против Швајцарија. Избраниците на селекторот Раде Стојановиќ одиграа убедливо на сите натпревари на турнирот, без пораз дојдоа до златото, а со тоа си обезбедија пласман на кадетското Европско и Светско првенство.
Овој пласман беше причина плус за задоволство во Ракометната федерација на Македонија (РФМ), поради огромниот влог за идните кадетски собири. Откако Стојановиќ и неговите ракометари ја исполнија целта, по враќањето во Македонија имаа свечен прием во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.
Првиот човек на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов ги дочека ракометарите и стручниот штаб, лично им честиташе и им посака среќа. Кадетите на Стојановиќ се атрактивна репрезентација која ветува, па во иднина може да се очекуваме дел од овие играчи да бидат потенцијал за сениорскиот национален тим.