Актуелниот шампион Макс Верстапен имаше одлична трка во Белгија на патеката „Спа“ и покрај тоа што стартуваше од 14-та позиција сепак дојде до победа. Поради промени на својот болид, Холанѓанецот доби казна и мораше да прави чуда на денешната трка за да стигне до самиот врв.
Имаше малку среќа, бидејќи на почетокот излезе безбедносното возило и му помогна да скокне неколку позиции. Неговата форма му овозможи многу лесно да се најде меѓу водечката тројка, а потоа и со неколку солидни кругови да избие на врвот, каде остана и до крајот на трката.
Второпласиран во „Спа“ заврши Серхио Перез од Ред Бул, а на подиумот место имаше и за Карлос Саинц од Ферари.
Шарл Леклер се избори за петтото место, а можеше да направи повеќе, да не беше брзото влегување во боксот, поради проблеми со десниот пневматик.
Без пласман на ова атрка останаа Хамилтон и Ботас и тоа на самиот старт од истата. Следната трка е за една недела во Холандија.