Бирото за договори на Формула 1, пресуди дека младиот возач, Оскар Пјастри има валиден договор со Мекларен за наредната сезона што значи дека тимот на Алпин ја загуби шансата да ги задржи неговите права.
Според правилата, тимовите немаат право да ги оспоруваат одлуките на бирото пред друга инстанца што значи дека Алпин конечно го загуби Пјастри.
Сега се наметнува прашањето за финансиските средства вложени во неговиот развој како резервен возач во изминатите две и половина години за што веројатно ќе биде покрената граѓанска тужба.