Шарл Леклер по вторпат во кариерата ја освои пол позицијата во сезоната во Формула 1 на домашното Гран При на Италија.Втор во квалификациите заврши светскиот шампион Макс Верстапен, кој е еден од вкупно деветте казнети возачи.
Карлос Саинц од Ферари заврши на третото место но, ќе биде испратен до дното на колоната и ќе стартува 18-ти. Казнет е и четвртиот од денешните квалификациски Серхио Перез. Тоа значи дека утре од 15.00 часот Шарл Леклер ќе стартува од пол позицијата. До него ќе бидат Џорџ Расел и Ландо Норис. Зад нив на стартот ќе се наредат:Даниел Рикиардо, Пјер Гасли, Фернандо Алонсо и Макс Вертсапен.
На табелата води Верстапен со 310 бодови пред Леклер и Перез кои имаат по 201 бод. Кај конструкторите по 15 трки лидер е Ред Бул со 511 бодови пред Ферари со 376.