Алфа Ромео води пред Астон Мартин со седум бодови во битката за шестото место кај конструкторите во Формула 1. Според Валтери Ботас, за неговиот тим ќе биде императив да освои бодови на викенд трката за ГН на САД.
„Имавме многу добра конзистентност во почетокот на годината и редовно собиравме бодови. Мораме да го обезбедиме шестото место што значи дека треба да освоиме бодови“ – изјави Ботас в пресрет на собирот во Остин.
„Голем дел од нашите проблеми беа поради слабата работа во текот на зимата. Мислам дека сега научивме многу“ – вели Ботас.