Светскиот шампион во тешка категорија,Тајсон Фјури ќе се врати во рингот на 3. декември.Тој ќе ги вкрсти ракавиците со Дерек Чисора.
Борбата е закажана и ја потврди самиот Фјури кој два пати досега го победил Чисора. Првата борба ја имаа во мај 2011 година кога Фјури победи со едногласна одлука на судиите. Три години подоцна Чисора ја предаде борбата.
Двете борби се одржуваа во Лондон кој ќе биде домаќин и на трета пресметка и тоа на стадионот на Тотенхем.