Поранешниот шампион во две тежини на УФЦ, Конор Мек Грегор, вели дека набрзо ќе се врати во рингот и дека ќе освои милиони.
Ирецот кој подолг период не бил тестиран од ВАДА ќе може да се бори најрано во април или мај во 2023 година.
„Напорно тренирам секој ден . Тоа ќе биде мојата подготовка за враќање во кафезот. Ќе почнам да тепам луѓе за милиони долари. Лесна работа“ – напиша Мек Грегор.