Кошаркарите на Атланта на домашен терен го совлада Милвоки со 117:98, со што му го нанесоа првиот пораз сезонава на шампионот од 2021 година. Поради повреда на потколеницата, за домашните не настапи најдобриот стрелец Тре Јанг, па до победата ги предводеше Дежонте Мареј со 25 поени, 11 асистенции и осум скока.
Кај гостите Јанис Адетокунпо постигна 25 поени. Интересно е што ова беше 31-виот последователен натпревари за Атланта во регуларниот дел од сезоната во НБА во кој постигнаа најмалку 100 поени.
Денвер на гости го победи Сан Антонио со 115:109 и со тоа му го нанесоа четвртиот последователен пораз во НБА лигата. Денвер во последната минута влезе со два поени предност (111:109), а поените на српскиот играч Никола Јокиќ и забивањето на Арон Гордон ја потврдија втората врзана победа над тимот од Тексас. Јокиќ за речиси 34 минути на теренот забележа дабл-дабл учинок со 26 поени и 10 асистенции.
Голден Стејт на домашен терен го победи Сакраменто со 116:113, благодарение на 47-те поени на Стивен Кари. Актуелниот шампион со тоа ја прекина серијата од пет порази и дојде само до четвртата победа на стартот на сезоната. Четвртиот врзан триумф го оствари Далас откако на домашен терен го победи Бруклин со 96:94, со 36 поени на Лука Дончиќ.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Шарлот – Вашингтон 100:108
Орландо – Хјустон 127:134
Детроит – Оклахома Сити 112:103
Индијана – Њу Орлеанс 129:122
Филаделфија – Феникс 100:88
Атланта – Милвоки 117:98
Мајами – Портланд 107:110
Чикаго – Торонто 111:97
Мемфис – Бостон 106:109
Минесота – Њујорк 107:120
Сан Антонио – Денвер 109:115
Далас – Бруклин 96:94
Голден Стејт – Сакраменто 116:113
Јута – ЛА Лејкерс 139:116
ЛА Клиперс – Кливленд 119:117