Суперѕвездата на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс најверојатно ќе се појави на паркетот вечерва за божиќниот натпревар против Далас.
Четирикратниот шампион во НБА, кој следната недела наполни 38 години, има проблеми со левиот зглоб.
Ако Џејмс излезе на теренот, ќе го собори рекордот на Коби Брајант за најмногу одиграни натпревари на Божиќ. За него овој божиќен меч би можел да биде 17-ти во кариерата.