Скијачот, Лукас Братен од Норвешка, оствари сензационална победа на денешниот слалом возен во швајцарскиот зимски центар – Аделбоден.
Второто место му припадна на неговиот сонародник Ли Мекгрет додека трет резултат оствари Германецот Линус Штрасер. 22-годишниот Братен, кој сезонава победи на слаломот во Вал Д’Изер и велеслаломот во Алта Бадија, останува лидер во слалом пред Австриецот Мануел Фелер и Хенрик.
Во вкупното рангирање кај мажите, води Швајцарецот Марко Одермат пред Норвежанецот Омод Килде и Кристоферсен.