Норвешка беше подобра од Македонија на мечот број еден за двете репрезентации (39:27) на Светското првенство во Полска и Шведска.
Скандинавците се фаворит за медал на ова СП и беше доминантен и сосема заслужено ги освои првите бодови. Филип Талески беше најефикасен со седум голови, Дејан Манасков постигна пет, а Филип Кузмановски постигна четири погодоци.
Нешто поголема шанса доби и кружниот напаѓач Костадин Петров, кој за првпат доби поголемаминутажа на големо натпреварување.
„Чест и задоволство ми е што го носам овој дрес и како и јас, сите ракометари, кога ќе го облечат сака да го даде максимумот и екипно да се покажеме во добро светло. Мислам дека тргнавме добро, во првите дваесет минути игравме добро и Митревски одбрани неколку зицери.
Но, во финишот на првиот дел „загубивме глава“. Договорот беше да играме брзо, но со глава. Во тие десет минути направивме многу технички грешки, па потоа е многу тешко против еден ваков противник кој се бори можеби и за златниот медал, да се вратиш. Во второто полувреме пробавме „седум на шест“, се вративме, но пак кобни шест минути, во кои ни падна концентрација, донесоа убедлив пораз. Но, главата горе, имаме уште многу натпревари да се поправиме и индивидуално и екипно и да јуришаме кон вториот круг, рече Костадин Петров.
Македонија утре (сабота) има слободен ден и ќе го искористи за подготовка