Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Петров: „Сакавме да играме брзо, но правевме премногу грешки“
    Ракомет

    Петров: „Сакавме да играме брзо, но правевме премногу грешки“

    risteBy riste14/01/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Норвешка беше подобра од Македонија на мечот број еден за двете репрезентации (39:27) на Светското првенство во Полска и Шведска.

    Скандинавците се фаворит за медал на ова СП и беше доминантен и сосема заслужено ги освои првите бодови. Филип Талески беше најефикасен со седум голови, Дејан Манасков постигна пет, а Филип Кузмановски постигна четири погодоци. 

    Нешто поголема шанса доби и кружниот напаѓач Костадин Петров, кој за првпат доби поголемаминутажа на големо натпреварување. 

    „Чест и задоволство ми е што го носам овој дрес и како и јас, сите ракометари, кога ќе го облечат сака да го даде максимумот и екипно да се покажеме во добро светло. Мислам дека тргнавме добро, во првите дваесет минути игравме добро и Митревски одбрани неколку зицери.

    Но, во финишот на првиот дел „загубивме глава“. Договорот беше да играме брзо, но со глава. Во тие десет минути направивме многу технички грешки, па потоа е многу тешко против еден ваков противник кој се бори можеби и за златниот медал, да се вратиш. Во второто полувреме пробавме „седум на шест“, се вративме, но пак кобни шест минути, во кои ни падна концентрација, донесоа убедлив пораз. Но, главата горе, имаме уште многу натпревари да се поправиме и индивидуално и екипно и да јуришаме кон вториот круг, рече Костадин Петров. 

    Македонија утре (сабота) има слободен ден и ќе го искористи за подготовка

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    СП 2023: Франција и Данска во реприза на финалето од 2011

    29/01/2023

    Големо признание: Начевски и Николов ќе го судат финалето на СП 2023

    29/01/2023

    Франција посилна за Карабатиќ на вечерашното финале на СП

    29/01/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • СП 2023: Франција и Данска во реприза на финалето од 2011
    • Ивановски поразен во финалето на ИТФ турнирот во Тунис
    • Големо признание: Начевски и Николов ќе го судат финалето на СП 2023
    • Франција посилна за Карабатиќ на вечерашното финале на СП
    • Ѓоковиќ по 10-ти пат го освои Мелбурн и се враќа на врвот на АТП листата
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.