Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Лазаров: „Мораме да одиграме многу подобро и без грешки за да се надеваме на победа“
    Ракомет

    Лазаров: „Мораме да одиграме многу подобро и без грешки за да се надеваме на победа“

    risteBy riste14/01/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    По поразот од Норвешка во првото коло, нашата ракометна репрезентација предводена од селекторот Кире Лазаров се подготвува за следниот натпревар, дуелот со Холандија. Во нашиот стручен штаб веќе се подготвува тактика за добра игра против Холандија и да се дојде до добар резултат.

    „Холандија покажа дека се работи за екстра-квалитетна репрезентација, игра модерен и брз ракомет и ќе мора добро да е намачиме и испотиме ако сакаме да дојдеме до победа. Денешниот ден целосно го искористивме за нивна анализа, иако и за време на подготовките гледавме натпревари, чисто тука ги споредивме дали се работи за истите работи што ги играат и мислам дека имаме шанси, треба позитивно да размислуваме. Малку ме загрижува повредата на Томи Јагуриновски, тоа беше голем хендикеп, па дури и за последниот меч со Норвешка, кога ние бевме во егал, ни фалеше таков играч кој покажува квалитет. Ни се приклучува на негово место Давид Савревски, дебитант, но голем потенцијал. Секој играч ни е добредојден во ротацијата за оваа средба. Ќе се обидеме да ја покриеме таа позиција и со друг играч, не само со Мартин Серафимов, затоа што ќе биде тешко да се издржи во тој ритам 60 минути. Серафимов ја заслужува шансата и мислам дека ќе одговори квалитетно на предизвикот“, изјави селекторот Лазаров.

    Холандија има одлични бекови , а Стајн се носител на играта:

    „Лук Стајнс му е продолжена рака на селекторот Олсон, исто како што е во ПСЖ на Раул, така е и во Холандија. Многу работи ги забележува, се адаптира и ги поставува играчите на натпреварот. Тој е нивниот најголем квалитет, селектор како Олсон со таков играч верувам дека е задоволен. Играат на високо ниво, нешто како на ЕП во Унгарија. Во секој момент знаат што прават и дефанзивно и офанзивно и мора добро да се подготвиме. Нашиот следен меч мора да го сфатиме сериозно и мора 60 минути да бидеме екстра-квалитетни. Ние сите сакавме да направиме изненадување како Македонци, но Норвешка беше повеќе од квалитетен ривал. Мислам дека како што поминува времето, така ќе се врати расположението кај сите наши играчи. Со вакви натпревари оваа генерација ќе расте од натпревар во натпревар“, рече Кире Лазаров.

    Утре (недела) се играат два натпревари во нашата група Ф во Краков, Македонија и Холандија ќе играат во 18.00 часот, додека Норвешка ќеигра против Аргентина од 20.30 часот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.