Пјетро Фитипалди и петта сезона по ред ќе биде резервен и воедно тест возач на Формула 1 тимот на Хаас.
Тој паралелно ќе биде активен и во Светскиот шампионат на издржливост и ќе вози за Јота во класата – „LMP2“. Фитипалди веројатно ќе се појави на претсезонските тестови во Ф1 во Бахреин во февруари како и на неколку слободни тренинзи во текот на сезоната.
Пјетро Фитипалди е внук на легендарниот двократен светски шампион во Формула 1, Емерсон Фитипалди.