Првото полуфинале на СП денеска ќе го одиграат Данска и Шпанија. Натпреварот ќе се одигра во ЕРГО Арената во Гдањск попладне во 18:00 часот.
Данците откако во четврт-финалето славеа победа против Унгарија поставија нов рекорд на Светските шампионати. Тие се без пораз на 26 средби по ред со ефект од 24 победи и две нерешени.
Скандинавците доколку ја освојат титулата на собирот во Полска и Шведска, ќе станат првиот тим во историјата кој три пати по ред се искачил на светскиот ракометен врв.