Ѕвездата на Бруклин Нетс, Кевин Дурент, е нов кошаркар на Феникс Санс. Утрово еден од најрелевантните извори во НБА лигата, Андреј Војнаровски го потврди трејдот во кој за Дурент, Бруклин ќе ги добие Микал Бриџис, Кам Џонсон и четворица кошаркари од драфтот од првата рунда.
Вреди да се напомене дека ова е втор голем трејд кој годинава го прави Бруклин Нетс, кој претходно го трејдуваше Кајри Ирвинг во Далас Маверикс.
Кевин Дурент побара трејд во текот на летната вонсезона, но тогаш немаше тим подготвен да ги исполни условите на Бруклин и самиот играч, по што Кевин го повлече барањето.