Холандската атлетичарка Фемке Бол го собори речиси 41 година стариот светски рекорд во сала на 400 метри на холандското национално првенство.
Имено, до овој викенд актуелниот светски рекорд изнесуваше 49,59 секунди и беше во сопственост на легендарната чешка атлетичарка Јармила Кратохвилова, поставен на 7 март 1982 година.
Младата, 22-годишна Холанѓанка го спушти времето на 49,26 секунди и потврди дека се наоѓа во извонредна форма. Бол на последните Олимписки игри во Токио го освои бронзениот медал на 400 метри со пречки.