Италијанската скијачка, Софија Гоџа, триумфираше на спустот во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана, со што направи исчекор кон кристалниот глобус во најбрзата дисциплин.
Таа ја помина патеката со време од 1:26.81 минута. Второто место го освои нејзината сонародничка, Федерика Брињоне додека Французината Лаура Гаш изненадувачки го пополни третото место на подиумот.
Гоџа е лидер во спуст на две трки до крајот на сезоната и има реални шанси да го освои малиот кристален глобус.