Фантастично издние на двете големи ѕвезди на Далас, Дончиќ и Ирвинг на синоќешното дерби со Филаделфија, каде тексашаните ја прекинаа серијата од два порази и славеа со 133:126. Лука Дончиќ заврши со 42 поени, 12 асистенции и четири скока, додека Кајри Ирвинг постигна 40 поени, со шест асистенции, четири скока и три украдени топки.
Во второто дерби на вечерта, кошаркарите на Голден Стејт славеа над Лос Анџелес Клиперс со 115:91 и ја постигнаа четвртата последователна победа. Актуелниот шампион го предводеше Џордан Пул со 34 поени, а Клеј Томпсон постигна 19 поени со 11 скока.
Во тимот од Клиперс најефикасен беше Кави Ленард со 21 поен.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Вашингтон – Торонто 119-108
Далас – Филаделфија 133-126
Сан Антонио – Индијана 110-99
Голден Стејт – ЛА Клиперс 115-91