Микаела Шифрин, која изненадувачки се раздели со тренерот, Мајк Деј, за време на Светското првенство во алпско скијање во Куршевел и Мерибел, сега ќе ја тренира Карин Харјо, соопшти во американската федерација.
Таа претходно соработувaше со Американката додека беше помошник тренер на репрезентацијата на САД. Харјо во сезонава го водеше канадскиот женски тим.
„Мислам дека таа може да даде огромен придонес во мојата работа во наредните години и ќе донесе нов пристап кон тренинзите“ – додаде Американката.