Кошаркарот на Партизан, Матија Лесор, кој физички го нападна играчот на „црвено-белите“, Филип Петрушев, на мечот од региналната АБА лига, ќе мора да паузира три средби.
Згора на тоа интернационалецот од Франција ќе треба да плати и казна од 10.000 евра.
Црномурестиот играч нема да може да настапи за белграѓани на средбите со Цедевита Олимпија, МЗТ Скопје и Игокеа.