Фернандо Алонсo иако успеа денеска да ја помине целната линија на трката во Саудиска Арабија веднаш зад возачите на Ред Бул, Серхио Перез и Макс Верстапен, на крајот го освои четвртото место.
Шпанскиот возач во болидот на Астон Мартин прво доби пет секунди казна поради лошо позиционирање на стартот а на крајот му беа додадени уште десет. Со тоа Алонсо го загуби стекнатото место на подиумот и падна на четвртото.
Тоа му овозможи на членот на Мерцедес, Џорџ Расел, да прогресира за една позиција.