Хокеарите на Флорида Пантерс останаа во трката за освојување на титулата во НХЛ шампионатот. Во третиот натпревар од финалната серија Пантерите по продолженијата ги победија Вегас Гојден Најтс со 3:2 со голот на Картер Верхеј во петтата минута од судиското продолжение.
На првите два меча во Лас Вегас, тимот од Невада оствари две победи (5:2 и 7:2), па „домашните беа под голем притисок да го добијат првиот меч пред своите гледачи.

