Од Формула 1 денеска излегоа со став околу ситуацијата со шумските пожари во Квебек. Регионот кој е дом на патеката Жил Вилнев, каде што ќе се вози трката за Големата награда на Канада од 16 до 18 јуни е погоден од големи пожари.
Според информациите, од Формула 1 остануваат на ставот дека не е загрозено одржувањето на Ф1 викендот и се треба да оди според планот. Шумскиот пожар за кој многу се зборува низ светските медиуми гори на околу 800 километри од патеката, а квалитетот на воздухот во Монтреал веќе почна да се подобрува.
Тимот за управување со инциденти во Ф1 ќе продолжи да ја следи ситуацијата до настаните следниот викенд.

