Екипата на Вегас ја победи Флорида со 9:3 во петтиот натпревар од финалето на НХЛ лигата. Ова воедно беше четврти успех за Вегас со кој заслужено триумфираа во битката за пехарот „Стенли“.
Домашната екипа дојде до предност од 2:0 во првата третина, а во втората која ја доби со 4:1 само ја најави победата и дека нема ништо да остават на случајноста. Последниот период исто така им припадна на хокеарите на Вегас кој славеа со 3:2 и вкупен резултат од 9:3 дојдоа до шампионската титула.
Финалето во „Стенли купот“ ќе биде запаметено по уште една работа. Марк Стоун не само што постигна гол во решавачкиот меч, туку и ги надмина сите со својот хет-трик, кој стана прв по 27 години во финалната серија на турнирот. Последен пат тоа го направи шведскиот играч на Колорадо – Питер Форсберг, во 1996 година. Ова е прва титула за тимот од Вегас кој претходно стигна до финалето на НХЛ само во 2019 година.