Шпанскиот мотоциклист на Прамак, Хорхе Мартин, е победник на трката за Големата награда на Германија возена на патеката Саксенринг.
Тој успеа да ја добие битката со актуелниот шампион, Франческо Бањаја, кој го вози моторот на Дукати. Французинот, Жоан Зарко кој е дел од Прамак тимот го пополни третот место на пиедесталот.
Бањаја со 131 поени останува на лидерското место пред Бецеки со 110 и Мартин со 107 поени. Новите возбудувања во Мото Гран При шампионатот ќе ги гледаме на 25 јуни на патеката во Асен.