Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи на трката за Големата награда на Канада во Формула 1 возена на патеката – „Жил Вилнев“. Холанѓанецот дојде до 41 триумф со што се изедначи со легендарниот, Аиртон Сена.
Фернандо Алонсо со болидот на Астон Мартин успеа да се пробие на второто место додека Луис Хамилтон со Мекларен го освои третото. Шарл Леклер и Карлос Саинс од Ферари беа веднаш зад првите тројца. Бодови денеска освоија и Серхио Перез со Ред Бул, Алекс Албон во Вилијамс, Естебан Окон со Алпин, Лендо Норис од Мекларен и Валтери Ботас возач на Алфа Ромео.
Наредната сезонска трка ќе биде возена на 2 јули за Големата награда на Австрија.