Макс Верстапен синоќа триумфално ја заврши и трката за ГН на Канада со што успеа да испише уште едне нов рекорд зад своето име.
Двократниот шампион во Формула 1 ја запиша шестата победа оваа сезона и дури 41-ва во кариерата. Со оваа 41. победа, Верстапен успеа да се израмни по бројот на остварени победи на Гран При трките во Ф1 шампионатот со трикратниот светски шампион, легендарниот Аиртон Сена.
Верстапен и Сена сега се израмнети на петтото место на вечната листа, додека се уште пред нив се Луис Хамилтон (103 победи), Михаел Шумахер (91), Себастијан Фетел (53) и Ален Прост (51).