Вашингтон се согласил да го замени трикратниот Ол-стар учесник Бредли Бил во Феникс, објави инсајдерот, Адријан Војнаровски.
За возврат, Визардс ќе го добијат Крис Пол, но исто така и Лендри Шамет и неколку драфт пикови во втората рунда на годинешниот Драфт.
Феникс нема избор од првиот круг што може да го вклучи во трејдот. Според информациите, најверојатно ќе бидат потребни неколку дена за да се затвори договорот.
Минатото лето, 29-годишниот Бил потпиша нов петгодишен договор со Визардс вреден 251 милион долари. Тој е единствениот актуелен НБА играч кој има право на вето во договорот, па размена во друга екипа е можна само со негово одобрение.