Британецот, Луис Хамилтон, има реална шанса до крајот на сезоната да направи рекорд кога станува збор за искачување на подиумот.
Возачот на Мерцедес во Формула 1 кој се трка од 2007 година, успеа на патеката во Канада по 195 пат да избори место во топ 3. До крајот на сезоната има шанса да ја помине границата од 200.
Воедно на патеката во Канада екипата на Ред Бул ја забележа 100-та победа а Макс Верстапен дојде до 41-та со што се израмни со легендарниот, Аиртон Сена.