Сан Антонио Спарс сосема очекувано го избраа Виктор Вембањама како прв пик на драфтот 2023. 223 сантиметри високиот Французин е најочекуваниот прв пик на драфтот во НБА лигата по Леброн Џејмс, и стана првиот играч што Спарс го избраа како прв пик од 1997 година и изборот на Тим Данкан со кој освоија пет шампионски титули.
Шарлот Хорнетс го избра крилото Брендон Милер од Универзитетот во Алабама како втор пик, а Скут Хендерсон, за кој многумина велат дека би бил прв пик на повеќето драфтови, падна на третото место отиде во рацете на Портланд Трејл Блејзерс, кои се уште не е јасно дали ќе го задржат или ќе го разменат за некога веќе етаблирана ѕвезда.
Хјустон и Детроит ги избраа близнаците Амен и Аусар Томпсон како четврти и петти пик.