Русија поради војната со Украина остана и без женското ракометно Европско првенство во 2026 година.
ЕХФ денеска потврди дека бара нова локација за тој собир. ЕП во 2024 ќе биде во Унгарија, Австрија и Швајцарија, додека во 2028 домаќини ќе бидат Данска, Шведска и Норвешка.
На последниот континентален собир Македонија беше ко-домаќин заедно со Црна Гора и Словенија.