Хелмут Марко признава дека Ред Бул не може да ги освои сите 22 Гран При трки во тековнава сезона.
„Ако се очекува од нас да победиме на секоја трка, тоа е речиси невозможно. Сепак, ако работите продолжат вака, не би го исклучил тоа“ – изјави советникот на Ред Бул по победата на Верстапен на собирот во Австрија.
Ред Бул досега победи на сите 9 трки од тековниот шампионат.