Возачот на Астон Мартин во Формула 1, Фернандо Алонсо, подготви специјална кацига за трката во Велика Британија.
„Специјален шлем, посебна трка. Домашна Голема награда за Астон Мартин“, напиша двократниот светски шампион на социјалните мрежи објавувајќи фотографии. Тоа се однесува на DBR4, првиот Формула 1 болид на Астон Мартин.
Конкретно, на врвот на кацигата има стилизирана слика на воланот на автомобилот а бројот на Фернандо е направен во соодветен стил. DBR4 се натпреваруваше во 1959 и 1960 година. По сезоната 1960, компанијата не се тркаше во Ф-1 до 2021 година.