Американската спринтерка Ша’Кари Ричардсон го истрча најдоброто време оваа сезона на 100 метри на американските квалификации за Светското првенство. На трките во Јуџин, Ричардсот оствари време од 10,71 секунди.
Светското првенство ќе се одржи во Будимпешта од 19 до 27 август.
Американката го подобри најдоброто време (10,75 секунди), поставено од Мари-Жозе Та Лу од Брегот на Слоновата Коска во Осло на 15 јуни.
Ричардсон го пропушти Светското првенство во 2022 година што се одржа во Јуџин и Олимпијадата во 2021 година затоа што беше суспендирана откако беше позитивна на тест за канабис.