Голманот, Филип Густавсон, потпиша нов тригодишен договор со екипата на Минесота која настапува во хокеарската лига на САД и Канада. Договорот е вреден 11,25 милиони долари.
25-годишниот, Швеѓанец, вели дека е среќен што целата работа финишираше според неговите желби. Тој во претходната сезона прими во просек 2,1 гол по натпревар и забележа висок процент на одбранети удари или 93,1.
Густавсон претходно настапуваше за Отава. Тој беше избран со број 55 на драфтот во 2016 година од Питсбург но, никогаш не настапи за тој клуб.